Пресуда за родителите на момчето убиец од Србија – се бара максимална казна

Од:

Вишиот обвинител во Белград денеска треба да ја соопшти пресудата за родителите на момчето кое во мај 2023 година во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград со пиштолот на татко му уби девет соученици и еден обезбедувач, а рани уште пет ученици и еден учител.

Обвинителот Ненад Стефановиќ во завршниот говор на судењето пред Вишиот суд во Белград за таткото на сторителот Владимир Кецмановиќ предложи 12 години затвор за тешко дело против општата безбедност и три години затвор за кривично дело запуштање и злоупотреба на малолетни, а побара и единствена казна од вкупно 14 години и 11 месеци затвор.

За мајката Миљана Кецмановиќ предложи две и пол години затвор и парична казна од околу 4.100 евра за кривично дело недозволено поседување оружје и три години затвор за запуштање и злоупотреба на малолетно лице, со единствена казна од пет години и пет месеци затвор.

Обвинителот предложи максимална казна од три години затвор за инструкторот по стрелање Немања Маринковиќ, од стрелиштето каде таткото го донел синот на вежбање, за давање лажен исказ во текот на истрагата.

За таткото на момчето, кој беше уапсен по злосторство во училиште, беше побарано да му се продолжи притворот и трајно да му биде одземено огненото оружје.

Обвинителот за мајката бара да и се изрече дополнителна мерка забрана за приближување, средба или комуникација со нејзиниот син кој извршил масовно убиство, бидејќи околностите за кои претходно е утврдена таа мерка „не го изгубиле своето значење“.

По убиството момчето е сместено во специјална психијатриска установа.

Масовното убиство во училиштето на Владислав Рибникар на 3 мај 2023 година е злосторство без преседан во поновата историја на Србија. Само еден ден подоцна, во вечерните часови, 21-годишниот Урош Блажиќ уби девет и рани 12 млади луѓе во две села во близина на Младеновац.

Блажиќ на 12 декември годинава беше осуден на 20 години затвор, што е максималната казна предвидена со Кривичниот законик на Србија за оние сторители кои сеуште немаат наполнето 21 година.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Странски служби го бараа убиецот од „Рибникар“

Горан Наумовски

Му рекол на синот дека е психопат, а го носел на стрелиште – детално образложение за пресудата против семејството Кецмановиќ

А1он

Таткото и мајката на Коста Кецмановиќ вкупно осудени на 17,5 години затвор

А1он

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Момчето убиец ја обвини мајка си за масакрот: „Таа ме тераше да бидам најдобар, се лутеше кога не бев“

Предраг Петровиќ