Албанската, 25-члена владина делегација, која ја предводи премиерот Еди Рама, ќе отпатува Брисел за да учествува на утрешната прва меѓувладина конференција Албанија-ЕУ.
Покрај другите во делегацијата ќе бидат и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, главниот преговарач Зеф Мази, како и други претставници вклучени во овој процес.
Средбата ќе трае 90 минути, а по неа ќе има прес-конференција. Делегацијата на ЕУ ја предводи чешкиот министер за надворешни работи, чија земја претседава со ЕУ, како и високиот претставник за надворешни работи Жосеп Борел и комесарот за проширување Оливер Вархеји, кои силно го поддржаа одржувањето на оваа конференција.
Албанија доби статус на земја кандидат во јуни 2014 година, иако во март 2020 година Европскиот совет одлучи да ги отвори преговорите за нејзино членство, но мораше да чека уште две години, иако некои земји сакаа да ги видат Тирана и Скопје заедно кон Европската Унија.
Извор: МИА