Прекинат штрајкот на романските рудари

Од:

Триесет и тројца рудари од северозападното романско село Рошиа Монтана го прекинаа штрајкот под земја откако премиерот Виктор Понта имаше разговор со нив во рудникот.
– Им ветив парламентарна комисија која ќе направи проценка за рудникот (пред планот да биде гласан во парламентот, изјави Понта.

Рударите останаа под земја пет дена протестирајќи поради плановите процесот за екстракција на злато во најголемиот рудник на злато во Европа, да се користи цијанид и ги обвинија властите дека евтино ги продаваат државните добра.

Неколку илјади Романци протестираа синоќа во Букурешт против планот на канадска компанија која сака да отвори рудник за злато во Трансилванија во местото Росиа Монтана кој се смета за најголем во Европа.

Владата на левиот центар на премиерот Понта во предизборната кампања вети дека ќе биде стопиран проектот. Но, подоцна разбеснија дел од Романците откако во крајот на август прифати нацрт закон со кој се дава можност за реализација на тој проект и се олеснува откупот на земјиште.

Нацрт-законот мора да добие одобрение од парламентот.

Канаѓаните планираат да излвлечат 300 тони злато и 1.600 тони сребро од најголемиот рудник со површински коп во Европа. Проблемот е што за тоа се потребни околу 12.000 тони цијанид годишно. Со проектот е предвидено и раселување на стотици семејства и делумно уништување на четири ридови.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“