Пред почетокот на зимската сезона Романија располага со 2,8 милијарди кубни метри гас

Од:

Резервите од природен гас, со кои располага Романија во моментов изнесуваат 2,8 милијарди кубни метри, односно една милијарда кубни метри над законските потреби за зимската сезона, изјави министерот за енергетика Ризван Николаеску, цитиран од Аџерпрес.

Министерот ја подвлече важноста Романија да биде добро подготвена и да располага со доволно енергија за зимата.

-Треба, исто така, да имаме резерви на јаглен и горива, резервоарите треба да бидат полни до определено ниво и треба да имаме колку што е можно повеќе резерви од гас, истакна тој.

Николаеску го истакна значењето на добрата подготовка за успешно минување на зимската сезона, додавајќи дека за него „успех ќе биде населението да не биде засегнато од недостатоци на енергенси “.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година