Пред Амбасадата на Македонија во Белград положено свежо цвеќе и запалени свеќи од македонската заедница во Србија

Од:

Претставници на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија предводени од претседателката Зорица Митровиќ, претседателот на Извршниот одбор Благоја Соколовски и секретарот Марјан Јованоски, како и други членови на Советот и повеќе припадници на македонската заедница во Србија, попладнево положија свежо цвеќе и запалија свеќи пред Амбасадата на Македонија во Белград по повод трагедијата во Кочани.

„Мислите и срцата на Македонците во Србија се со семејствата на 59 загинати и 163 повредени во трагедијата во Кочани“.

Припадниците на македонската заедница во Србија изразија искрено сочувство и посакаа никогаш повеќе да не се повтори таква или слична трагедија. Воедно изразија надеж и уверување дека Македонија како држава од оваа ситуација ќе излезе посилна, похомогенизирана и пообединета.

Македонскиот национален совет во Србија соопшти дека во вторник, на 18 март 2025 година, во сите свои подрачни канцеларии во Србија или во канцелариите на македонските здруженија во сите поголеми градови во земјата, ќе отвори книги на жалост каде што сите што сакаат ќе можат да изразат сочувство за жртвите.

Би можело да ве интересира

Терористот Дарио (18) од Бела Река, кој се водеше како исчезнат, се обиде да убие жандарм во Белград

Горан Наумовски

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“

Заврши сослушувањето на вештакот Русески за „Пулс“, остана на ставот дека немало реконструкција на објектот

Јаков Јозиновиќ ги одложи концертите во Белград

А1он

Ја допирал внуката по телото и се обидел да ја бакне в уста – уапсен е 64 годишник

А1он