Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Од:

Лидерите на политичките партии во 51. Народно собрание на Бугарија не постигнаа консензус за изборот на претседател на Собранието.

Предлогот најстариот пратеник привремено да ја преземе функцијата, кој дојде од ИТН, денеска не наиде на поддршка. Немаше консензус ниту за за предложеното компромисно решение откако претходно двајцата кандидати не ја добија потребната поддржка.

Седницата на Народното собрание продолжува во среда, на 13 ноември.

Дури кога ќе се избере претседател на парламентот, ќе може да ја започне процедурата за консултации за формирање нова влада.

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов кој доби најмногу гласови на последните избори пред седницата на Парламентот изјави дека ќе предложи коалиција од Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП – ДБ), Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Има таков народ (ИТН).

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија