Пожарникарите ја „чешлаат“ депонијата во Бањско Поле, пишува српски Телеграф, наведувајќи дека во истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ се појавила нова трага.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна во Бањско Поле на 26 март околу 14 часот и оттогаш и се губи секоја трага.
Веднаш е започната потрага по неа, а исто така за прв пат во Србија поради Данка е пуштен системот „Најди ме“, сличен на американскиот „Аmber alert“.
Но, и покрај сите напори на полицијата и другите надлежни служби, Данка Илиќ и по седум дена не е пронајдена.
Нејзините родители, особено нејзината мајка, неколку часа биле испрашувани во полиција, а на вештачење бил испратен и телефонот на нејзината мајка.
Таа не била подложена на полиграфско тестирање бидејќи е бремена, додека таткото бил и тој го минал полиграфскиот тест.
Полицијата во повеќе наврати изјави дека мајката на Данка Илиќ, Ивана Илиќ, не е осомничена, но дека со неа постојано се разговара за сите детали за исчезнувањето на Данка.