Пожар во зградата на Радио телевизија Косово

Од:

Голем пожар избувна во раните утрински часови во подрумските простории на Радио телевизија Косово.

Поради пожарот овој медиум остана без сигнал до пладне.

– Поради пожарот во подрумите каде што е и архивата на РТК немавме можност да ја реализираме програмата, изјавија претставници на телевизијата.

Портпаролката на косовската полиција Флора Ахмети, изјави дека засега не се познати причинте за пожарот и оти увидот сеуште е во тек.

Според неа, пожарот избувнал во три часот наутро.

Директорт на телевизијата Беким Хасани потврди дека пожарот бил во подрумските простории, каде што е сместена филмската архива, но оти се уште не се знае причинетата штета.

– Со максималните напори, попладнево успеавме преку алтернативен пат да ја продолжиме програмата бидејќи поради безбедносни причини и да се избегне евентуална поголема хаварија на технологијата, има прекин на електричната енергија во објектот, изјави Хасани.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски