Повторно актуелна идејата за создавање на балкански Бенелукс?

Од:

Еден колумнист од „Euobserver“ го привлече вниманието на медиумите од регионот, актуелизирајќи ја идејата за создавање заедница на неколку балкански држави според моделот на Бенелукс.

Аналитичарите веруваат дека таква „унија“ ќе биде корисна, но најголем проблем е што постои „недостаток на доверба“ помеѓу земјите за кои се однесува, пишува сараевски „Дневни аваз“.

Идејата е на двајца Албанци кои живеат и работат во Брисел, Екрем Красниќи и Гинтер Фелингер кои сугерираат Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора да „ги здружат силите“ и да се создаде нова, трајна структура со цел да се зајакнат политичките и економските односи при што ќе се забрза и процесот на евроинтеграцијата на сите овие земји.

Красниќи рече дека идејата нема никаква врска со создавањето на „Голема Албанија“ или „Голема Србија“ и дека за овој пример му послужиле Белгија, Холандија и Луксембург, кои функционираат како една независна држава. Тие веруваат дека треба да се создаде пазар за осум милиони луѓе со слободен проток на стоки, услуги, капитал и работна сила, наместо да се чека пристапот во ЕУ.

Планот, според авторите, ќе им обезбеди на луѓето подобри услови за живот и работа, па наместо да си ја бараат среќата во странство, ќе можат да останат во своите земји.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ