Повик за евакуација на бегалците по пожарот во кампот Морија на Лезбос

Од:

Претставници на грчкиот остров Лезбос денеска повикаа на итна евакуација на повеќе илјади бегалци во копнениот дел од земјата, откако во бегалскиот камп Морија изби пожар.

Регионалната гувернерка Кристијана Калогиру истакна дека во повеќе наврати ја предупредила грчката Влада дека камповите на островите во источниот дел на Егејско Море се „опасно пренатрупани“.
– Веќе долго време зборуваме дека мора да се намали пренатрупаноста на островите, посочи Калогиру.
– На островите во североисточниот дел на Егејско Море официјалните објекти имаат капацитет од 5.450 места, но таму се наоѓаат повеќе од 10.500 луѓе. Постои итна потреба луѓето да се дислоцираат од островот, бидејќи ситуацијата дополнително ќе се отежне, наведе Калогиру.

Грчкиот министер за трговска морнарица Тодорис Дритсас најави дека на Лезбос итно ќе биде испратен брод за бегалците и мигрантите, со цел да се намали нивниот број во кампот Морија.

Пожарот во кампот Морија избувна синоќа. Весникот „Катимерини“ тврди дека пожарот избувнал за време на немири до кои дошло по вчерашните протести на мигрантите, предизвикани од неофицијалните гласини дека властите планираат наскоро да ги вратат во Турција.

На протестите на мигрантите им претходеше собир на локлани жители на селото Морија, кои од властите побараа дислокација на бегалскиот камп од островот. 

По овој собир и информациите дека ќе следи нивна екстрадиција во Турција, група од околу 300 мигранти го напуштиле кампот и се упатиле на протест кон селото Морија, но во тоа биле спречени од полицијата, кои ги принудила да се вратат назад. Според „Катимерини“, додека мигрантите се враќале во кампот, пожар избуван во блиската плантажа со маслинови насади, кој потоа се проширил и на центарот во кој се сместени бегалците. 

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он