Над 600.000 граѓани ја напуштиле Босна и Херцеговина во последните десет години, покажуваат неофицијалните податоци на Унијата за одржливо враќање и интеграција во Босна и Херцеговина, а тој број од година во година расте.
„Заклучно со 2021 година, нашите волонтери забележаа заминување на 484.996 граѓани. На оваа бројка треба да се додаде фактот дека во 2022 година окрузите Посавина и Западна Херцеговина загубија 15.000 жители, од кои околу 70 отсто се млади луѓе, главно од Оџак, Домаљевац, Шамац и Модрича“, изјави претседателот на Унијата Мирхуниша Зукиќ за „Аваз“ со седиште во Сараево.
Масовното заминување на младите има и во Добој и Дервента, Теслиќ, Босанска Градишка, Приједор, Прњавор…
„Процентот на млади кои заминуваат од Љубушки, Широки Бријег и Груд е дури 80 проценти. Грахово е град на духови, училиштата се затворени во Дрвар и се користат само за гласање на избори, источна Босна останува пуста. Имаме толку многу тажни градови и, според добиените податоци, проценуваме дека во последните десет години од Босна и Херцеговина се иселиле 600.000 граѓани“, изјави Зукиќ, пренесува Танјуг.