Повеќе од 20.000 куќи без струја поради невреме во Словачка

Од:

Повеќе од 20.000 куќи останаа без електрична енергија во централниот дел на Словачка поради силни ветрови и снежна бура кои ја зафатија земјата, изјави портпарол на словачката енергетска компанија.

Ситуацијата се влоши во текот на ноќта и моментно повеќе од 20.000 домови немаат струја, истакна портпаролот.

Како што се наведува, најтешка е ситуацијата во областа Горен Хрон, иако се забележани прекини на електричната енергија и во Орава и Липтов, а проблеми прават и паднатите дрвја врз далноводи.

Според властите, поправката на дефектот ја отежнуваат силните ветрови и дождот.

Би можело да ве интересира

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Мечка нападна и усмрти маж во Словачка

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо