На парламентарните избори во Романија утринава во 07 часот по локално време беа отворени сите 18.968 избирачки места на кои повеќе од 18 милиони гласачи ќе можат да одлучуваат за новото свикување на парламентот со мандат од четири години.
Избирачките места ќе бидат затворени во 21:00 часот, а на местата каде што во тој момент се присутни граѓани, гласањето може да се продолжи до полноќ.
Независниот претседателски кандидат Калин Георгеску утрово гласаше на парламентарните избори, по што изјави дека гласал за Романија и за целосна политичка одговорност посветена на романската нација.
Како што истакна, гласал „за мир, а не за војна“.
Тој гласаше заедно со неговата сопруга на избирачко место во округот Илфов, на југот на Романија.
Во Романија денеска на Денот на Републиката се одржуваат парламентарни избори во атмосфера на политички превирања, во моментот кога Уставниот суд донесе одлука за пребројување на гласовите од првиот круг на претседателските избори.
31 партија се бори за место во парламентот, јавуваат романските медиуми.