Успешен германски бизнисмен и руска емигрантка, Валтер и Вера оперирани се на клиниката „Медикус“ во Приштина. Новинарите на германскиот „Шпигл“ истражувајќи ги нивните приказни дошле до стравични сознанија како целата криминална мрежа била помагана и организирана од албанските струкрури на Косово.
Нивната приказна покажува колку илегалната трговија со органи во светот е успешна. Новинарите на германскиот „Шпигл“ дознале дека во клиниката „Медиукус“ во Приштина која имала дозвола за работа се изведени десетици илегални трансплантации.
Валтер е 74 годишен германски бизнисмен кој од очај поради се полошата здравствена состојба решил да го игнорира законот и да го спаси својот живот.
Поради проценката на лекарите дека му остануваат уште неколку месеци доколку не му се траснплантира бубрег, а поради тоа што и бил на дното на листата на чекање за да добие бубрег, почнал да бара други начини.
После два месеци, Валтер се качил на авион за Истанбул, каде се сретнал со посредникот со кого претходно контактирала неговата фамилија.
Вера Шведко, 50 годишна руска емигрантка била во истиот авион за Косово. Бидејќи била во големи долгови и во тешка финансиска ситуација одлучила да го продаде својот бубрег.
Во случајот со клиниката „Медикус“ во Приштина, криминалната мрежа сега е детално документирана. Канадскиот обвинител Џонатан Рател дошол на Косово во 2010 година да помогне во воспоставувањето уставен систем во склоп на Еулекс мисијата. Не поминало многу време додека обвинителот Рател го насочил своето внимание кон илегалните активности на трговијата со органи на клиниката „Медиукус“.
„Сигурен сум дека бескрупулозни хирурзи на оваа клиника отстраниле бубрези од најмалку 20 или 30 луѓе и дека ги трасплатирале на богати пациенти од други клиники“, вели тој.
Посредникот бил од Израел, донатори од целиот свет, а хирург Јусуф Сонмез, познат под називот „доктор Франкенштајн“, од Турција. Целиот систем можел да функционира , како што вика Рател, само со голема помош на албанските власти на Косово. Репортерите на „Шпигл“ поминале неколку месеци следејќи ги трагите кои ги одвеле до Израел, Турција, Белорусија и Германија.
Според зборовите на канадскиот обвинител истрагата покажала дека Валтер уплатил 81.892 евра на рачун на Израелецот посредник.
Вера која го донираше бубрегот во авионот за Истанбул била со уште две жени кои патувале поради истата причина како неа. Кога стигнале им се приближил непознат маж . им ги зел пасошите и додека биле во хотелот морале да дадат примерок од крвта . четири дена подоцна заминале за Приштина.
Две возила чекале на аеродромот, едно за донорите, друго за тие што требало да им се пресади орган. По долго возење , возилото застанало пред модерна, розева двоспратна зграда. На натписот пишувало „Klinika Gjermane“ (германска клиника). Човек по име Манфред Бер, со престој во во Берлин, регистриран е како сопственик на клиниката во регистерот на компании во Приштина.
Според информациите на „Шпигл“,Манфред Бер постои. Тој е професор по урологија и работи како главен шеф на отсекот во болницата „Франзискус“.
Според она што го кажала Вера за германскиот весник, работите станале лоши кога стигнале во Приштина. Прво морала да потпише формулари на англиски јазик кои не ги разбирала. И било кажано дека нејзиниот бубрег ќе се пресади на Американец, но на масата немало син американски пасош, туку темно црвен пасош како германскиот.
Таа во собата тогаш повторно го видела човекот од аеродромот, заедно со својата жена. „Делуваа како пристојни луѓе“, вели таа за „Шпигл“. Истражуважите од Еулекс реконструирале кој и кога бил во болницата и веруваат дека постариот човек за кој зборува Вера е Валтер од Германија.
„Телото ми се тресеше пред операцијата. Сакав да побегнам, ама знаев дека нема да ме пуштат. Ги платија моите летови со авион, ме дочекаа на аеродромот. Без разлика што и да направев. Ќе ми дадеа инјекција и пак ќе ме оперираа. Тогаш дури сфатив дека се заплеткав со мафија“, зборува Вера за „Шпигл“.
„Многу сме загрижени за некои од нашите сведоци“, вели обвинителот Рател, според кого некои од донорите веќе умреле во текот на истрагата што се води.
За Рател, случајот е многу поширок од клиниката во Приштина, сега е тоа прашање во склоп на глобалната мрежа на илегалната трговија со органи.
Тој смета дека мала група хирурзи се специјализирале како „летечки доктори“ и дека сега работат на сите континенти. Според него тие летаат секаде каде што треба да се направи трансплатација на органи.
Во Приштина од 2011. година е во тек судењето против четворица доктори поврзани со клиниката „Медикус“. Обвинението е за „трафикинг, организиран криминал и давање лекарска услуга без дозвола.
Уште еден обвинет е и Лутфи Дервиш, професор кој според регистерот на компании бил овластен агент на клиниката. Тој според тврдењата учествувал во најмалку една операција. Според обвинението, Дервиши е поврзан со високи официјални лица на косовските власти. Тој наводно лично се сретнал со првиот човек задолжен за здравството на Косово и со советникот на Хашим Тачи.