Потрагата по малата Данка се прошири: Се вклучи и полицијата од Словенија

Од:

Во потрагата по двегодишната Данка Илиќ од Бор, која исчезна на 26 март во населбата Бањско Поље, се вклучи и словенечката полиција.

Како што пренесува словенечкиот портал 24UR, секој кој има некаква информација за исчезнатото девојче може да пријави во словенечката полиција.

-Доколку имате било каква информација, можете да се јавите на словенечката полиција за итна помош на бројот 113 – соопштија од полицијата.

За потсетување, Данка Илиќ исчезна во вторникот на 26 март во 13 часот од дворот на хорот каде што беше со мајка и и брат и. Неколку часа подоцна полицијата започнала детален претрес на целата населба. Во потрагата биле вклучени жандармеријата, планинарска спасувачка служба, хеликоптери, дронови, полициски кучиња, а од девојчето нема ни трага ни глас.

Би можело да ве интересира

Таткото на осомничениот за убиството на Данка вели: Мојот син е наместен

Осомничениот за убиството на Данка тврди: „Не ја убив, не ја ни видов“

Горан Наумовски

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка