Потрагата по девојчето Данка Илиќ која е исчезната од вторникот е проширена.
Припадници на МУП пребаруваат дел од Брестовачка река, во близина на викенд населбата Бањско поле.
Полицијата, спасувачките служби и пожарникарите вече шести ден го пребаруваат теренот во близина на местото каде што исчезна девојчето.
Родителите неколку пати беа на распит во полиција, според српските медиуми таткото го поминал полиграфското испрашување.