Постојат причини поради кои Ѓукановиќ мора да остане на власт

Од:

Дојче Веле – Берлин

Социјалистите во Црна Гора на долгогодишниот премиер Мило Ѓукановиќ победија на парламентарните избори, но не добија апсолутно мнозинство.

Сега земјата се наоѓа пред тешко основање на влада. Опозицијата во државата е многу фрагментирана и тешко ќе се обедини.

Сепак, на Ѓукановиќ нема да биде тешко да формира влада и да ја задржи функцијата премиер. За тоа мора да ги придобие социјалдемократите и партиите на етничките малцинства. Но и широкиот сојуз на опозициските сили, кои не се хомогени може со големи потешкотии да се претвори во владејачка коалиција.

Црна Гора со околу 625.000 жители е кандидат за членство во ЕУ и НАТО. Ѓукановиќ е за продолжување на тој курс. Пристапувањето во НАТО е бавно за граѓаните, а опозицијата за тоа нема единствена позиција. Некои опозициски партии важат како проруски.

Изборите беа одбележени со тензична атмосфера. Сојузот на граѓанските организации (МАНС) регистрираше 75 неправилности и поднесе пријави. Полицијата уапси 20 Срби кои се осомничени дека планирале наапди со автоматско оружје. Излезноста била 73 проценти, што е три отсто повеќе од минатата година.

Веќе 25 години постојат добри причини поради кои Мило Ѓукановиќ и само тој задолжително мора да остане на власт. Прво беше партнер за српските интереси за време на војните во Хрватска и Босна, потоа се работеше за дислоцирање од Србија, па за независноста прогласена во 2006, а потоа за тоа дека тој беше единствен кој ја знаеше работата во младата држава и можеше да ги задоволи „бизнисмените”, а потоа за тоа дека имаше огромна моќ што само тој како патрон можеше да ги дели работите. А сега е важно опозицијата да не дојде на власт за да не се налутат Американците.

Во Црна Гора постојат луѓе кои мислат дека тој никогаш нема да си оди од власта. И за тоа мислење постојат добри причини. Во 2011 година кога Ѓукановиќ му ја препушти премиерската функција на еден од своите марионети, Игор Лукшиќ, тоа траеше само неколку месеци.

И заедницата на бизнисмени бараше стопанот да се врати. За самиот Ѓукановиќ не е важен само имунитетот, кој го штити од кривично гонење. Тој има 54 години. И всушност не научи ништо друго освен да диригира со Црна Гора.

Овој пат најсилен аргумент му е дека проруската партија Демократскиот фронт мора да биде запрена бидејќи таа е против придружувањето кон НАТО. Ѓукановиќ успешно предупредува дека во спротивно би била загрозена цела држава и знае дека притоа го поддржуваат ЕУ и САД.

Некои држави на НАТО веќе го ратификуваа членството на Црна Гора, а процесот ќе трае уште неколку месеци. Практично повеќе нема начин да се спречи.

– Се уште не се знае дали Ѓукановиќ ќе остане шеф на владата. Но, дури и ако ја препушти на некого функцијата, тоа не значи дека ќе дојде до промени на политиката, вели Вања Ќаиловиќ, која раководи со сојузот на граѓанската иницијатива МАНС.

Едно е прашањеѕо дали тој ќе замине, а друго е дали ДПС ќе се промени. Бидејќи, Ѓукановиќ веќе двапати си одеше, но само површно, двапати ја ослободи фотелјата, но тоа ниту еднаш не значеше дека тој повеќе не ги донесува одлуките.

– Теоретски, сите опозициски партии заедно би можеле да го спречат Ѓукановиќ да фомира влада. Но, опозициските сили се многу разединети, смета политикологот Златко Вујовиќ, шеф на Центарот за мониторинг и истражување ЦЕМИ. – Тоа што тие би можеле да формираат влада не значи дека тоа и ќе го направат, вели тој, додавајќи дека најважна тема е НАТО.

Најголемиот опозициски сојуз, Демократскиот фронт, кој доби околу 20 отсто гласови, е проруски и стриктно против приклучување кон НАТО. Вториот по сила опозициски сојуз, под името Клуч, кој освои десет проценти од гласовите, во основа е прозападно ориентиран. На тоа треба да се додадат и повеќе малцински партии кои можат да бидат клучниот тег на вагата.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба