Постигнат договор српските безбедносни струкутури да се трансформираат во косовската полиција

Од:

Српските полицајци, кои со години нелегално дејествуваат во северниот дел на Косово, населен со Срби, ќе ги сменат униформите и командната хиерархија и ќе станат припадници на полицијата на Косово, објави приштискиот весник „Коха диторе“.

Весникот наведува дека во северниот на Косово нелегално дејствуваат околу 500 припадници на српското Министертво за внатрешни работи, кои се вооружени и официјално вработени во полициската станица во Краљево.

Доверливи извори, вклучени во политичкиот косовско-српски дијалог за весникот потврдиле дека сега има согласност меѓу страните дел од нелегалните безбедносни структури да станат дел од косовските органи на редот.

Во тој процес, врз доброволна основа, ќе бидат опфатени само оние припадници на нелегалните структури кои се жители на Косово, што значи дека нема да важи за граѓаните на Србија, но и за Косовците кои не биле вклучени во криминал.

– На северот има една добро организирана безбедносна структура, контролирана на хиерархиски начин од Белград. Србија се согласи да се откаже од оваа организција и ние очекуваме на следната средба од дијалогот Приштина – Белград, да се најде решение за вклучување на овие припадници во командниот синџир на безбедносните струтури на Косово, изјави неименуваниот извор.

Според него две структури делуваат на северот на Косово кои ќе бидат трансформирани: Министертвото за внатрешни работи и Цивилната заштита, која е формација на Мнистерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина