Поставен споменикот на Ахмед Зогу во Тирана

Од:

Со пригодна свеченост денеска во Тирана поставен е споменик на албанскиот крал Ахмед Зогу, висок три метри.

На свеченоста по тој повод премиерот Сали Бериша рече дека со оваа церемонија, целиот албански народ и оддава почит на најзаслужната личност во албанската историја, јави дописникот на МИА од Тирана.

– Денеска целиот албанскиот народ му оддава почит на кралот Зогу, првиот крал на Албанците, симболот на обединувањето на Албанците. Му оддава почит со овој споменик на момчето кое на 17-годишна возраст се бореше за да ја одбрани независноста на земјава, за да го одбрани Исмаил Ќемали.

– Денеска и оддаваме почит на една од најзаслужните личности во албанската историја Ахмет Зогу, кој непоколебливо застана на страна на Абанците. Во време кога на дипломатска маса се подготвуваше згаснување на Албанците од политичката карта на Европа, Зогу со една група го организираше Конгресот во Лушња, ја формира владата која им рече „не“ на сите трактати за поделба на Албанија, изјави Бериша.

На свеченоста приуствувале и други високи личности, претставници на партијата за легалитет, што ја формира неговиот син Лека Зогу први, како и внукот Лека втори, кој работи како советник на претседателот на државата Бујар Нишани.

Претходно, на 17 ноември по барање на албанската влада, од Париз, каде починал во 1961 година, беа пренесени моштите на кралот Зогу и погребани во семејниот Мавзолеј во Тирана.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски