Последното видео на Александар (18) од Сремска Митровица пред исчезнувањето: Не можам да издржам повеќе

Од:

„Се отиде на п**** ма*******, се, се, ама се“. Ова се последните зборови што низ солзи ги кажал Александар Јовановиќ (18) од Сремска Митровица, по што му се губи трагата. Последната снимка од младиот човек пред фаталното исчезнување на 15 април ја поседува српски „Блиц“ откако тој незабележан излегол од куќата, а семејството се сомнева дека нивниот син се самоубил скокајќи во Сава.

На видеото кое неговото семејство го испратило до редакцијата на „Блиц“, Александар е видно вознемирен и лут, а низ солзи кажува се. Она што е застрашувачко е делот во кој исчезнатиот млад човек коментира за смртта на младите, непосредно пред неговото исчезнување. На екранот на неговиот лаптоп се наредени слики од четворица млади момчиња и Тијана Јуриќ. Александар наизменично коментираше и објаснуваше како згаснале овие животи.

-Три месеци беше на респиратор и умре.. Овој вториов овде, го уби неговиот најдобар пријател, поради девојка. Смешно. Третиот имал болест во основно училиште, тумор на мозокот. Четвртиот го удрил наркоман, 170 на час со БМВ. И оваа петтата ја силувал некој лик. И тогаш некој ми вели, ај, имаш 18 години, ништо не знаеш – вели Александар во видеото.

Како што изјави за портал Билјана, мајката на исчезнатото момче, Александар често играл игри и стримувал.

– Често играше игри и стримуваше, но беше и многу социјално дете. Дознав дека на денот кога исчезнал напишал на интернет дека „храбрите луѓе не се плашат од смртта“. Потоа за време на стриминг, како што рекоа децата со кои беше на таа онлајн врска, тој почна да плаче и на микрофон им кажал дека „веќе не може да го издржи овој живот“ и се исклучи – ни раскажа Билјана со плачлив глас.

Меѓутоа, пријателите од Интернет не биле единствените на кои Александар тој ден им зборувал за смртта. По расправија со девојката за која се вели дека е од Цирих, тој наводно рекол дека ќе се самоубие.

– На крајот и напишал „кажи им на моите дека почивам во мир“. Таа вечер ми сликаше и мене како зема вино да пие дома, слушајќи музика и ми праќаше видео пораки. А потоа искрадено излезе од дома, бидејќи живее со мојот поранешен сопруг и неговата сегашна сопруга, која ми кажаа дека не ни слушнала кога си заминал Александар – изјави неутешната мајка.

– Син ми наскоро требаше да заврши средно училиште, бидејќи сакаше интернет технологии и работа со компјутери, имаше планови да се запише на нешто друго, факултет или виша школљ, да се занимава со ИТ технологии. Тој не беше депресивен, ниту несреќен и имавме многу отворена врска. Секој ден доаѓаше кај мене дома, бидејќи училиштето беше блиску. Ќе знаев дека има некаков проблем, едноставно не можам да верувам дека можел да си направи вакво зло – изјави Билјана.

Надлежните органи, според тврдењата на Билјана, водат истрага, но не доволно детално. Таа вели дека полицијата и кажала дека водата е студена и дека ако скокне во реката и се удави, ќе треба подолго време додека водата го исфрли.

– Не знам веќе што да мислам. Поставени се мрежи за да помогнат во потрагата, но деновите минуваат и работите се влошуваат. Ги молам надлежните да ја разберат мојата болка и да разберат дека секое излегување на река е уште една можност да го пронајдам моето дете – го заврши нашиот разговор Билјана.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски