Поранешниот претседател на СЦГ Светозар Маровиќ ја призна вината за злоупотреба на власта

Од:

Поранешниот претседател на сојузната држава Србија и Црна Гора Светозар Маровиќ, обвинет за корупција и злоупотреба на власта, беше ослободен денеска од притвор откако ја призна вината и склучи договор со обвинителството, јавува Танјуг.

Маровиќ, кој е висок функционер во  владејачката Демократска партија на социјалистите се согласил да признае пред обвинителството каде отишле 15 милиони евра, со кои криминалната група раководена од него, ја оштетило општината Будва, и да одлежи казна затвор од најмалку четири години.

Црногорските медиуми јавуват дека Маровиќ всушност признал дека раководел со криминална организација која правела проневера со државни пари.

Според обвинителстовто, Маровиќ (60), кој е приведен во декември минатата година, го искористил политичкото влијание, со цел да го олесни купувањето на терен во Будва од претпријатиле кое било во сопственост на неговиот син Милиш.  Вмешан е и во изградба на бизнис-центар во нетранспарентни услови.

Во рамките на аферата беа приведени и синовите на Маровиќ, Милош и Драган, кои исто така се договориле со обвинителството да бидат ослободени од притвор.

Здравствената состојба на Маровиќ, кој веќе пет месеци е во притвор, е значително влошена и се претпоставува дека тоа е главната причина да се договори со обвинителството. Во писмена изјава тој признал дека организирал криминална група од околу 30 лица, ги посочил нивните улоги, нивниот начин на дејствување и како ги изнеле парите од земјата. Новото во документот е тврдењето на Маровиќ дека и самиот тој бил измамен во оваа корупциска шема и не тој не ги зел парите.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба