Поранешниот косовски премиер Мустафа позитивен на Ковид-19

Од:

Лидерот на владејачкиот Демократски сојуз на Косово (ДСК) и поранешен косовски премиер Иса Мустафа изјави дека е позитивен на новиот коронавирус и во следните денови ќе биде во самоизолација.

Мустафа на својот Фејсбук профил напиша дека освен што се чувствува истоштено, нема други симптоми.

– Останатите членови на моето семејство не се позитивни. Следните денови ќе ги поминам во самоизолација, напиша Мустафа, апелирајќи до сите граѓани да се придржуваат кон пропишаните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски