Шест поранешни бугарски министри за одбрана побараа од Бугарија да и обезбеди воена поддршка на Украина, јави БНР.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, поранешните министри за одбрана бараат од бугарските пратеници мандат за владата за да може да се приклучи на „паневропските напори за зајакнување на одбраната на Украина“.
Според нив, тоа најбрзо може да се направи со средства од бугарската армија, прецизирајќи дека тие нема да помогнат со вклучување на големи борбени формации и оружје.
Според нив, Бугарија продолжува да се истакнува меѓу своите сојузници во ЕУ и НАТО со својата неодлучна и двосмислена политика, која го нарушила нејзиниот авторитет.На тој начин Бугарија стана лесен плен за хибридни и други удари.
Бугарија испраќа само хуманитарна помош за Украина бидејќи една од владејачките партии БСП се противи на мешањето на земјата во руската инвазија на Украина. Поради оваа причина, бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека Софија нема да обезбеди воена помош за Киев, јави дописникот на МИА од Софија.
Извор: МИА