Осуден поранешен шеф на албанско разузнавање за вмешаност во атентат врз Глигоров

Од:

Албански суд го осуди во отсуство поранешниот шеф на раузнавањето Илир Кумбаро за убиство во 1995 година на приведено лице, осомничено за ковање заговор за убиство на тогашниот македонски претседател Киро Глигоров.

Кумбаро, кој се наоѓа во бегство, е осуден на 15 години затвор.

Жртвата, бизнисменот Ремзи Хоџа, Албанец од Македонија бил киднапиран од тајната полиција пред 17 години заедно со други двајца осомничени за планирање на убиство на тогашниот македонски претседател Глигоров.

Според судот тројцата осомничени нелегално биле држени и измачувани за време на сослушувањето. Хоџа не бил пронајден и се претпоставува дека починал за време на притворот. Дургите двајца осомничени биле ослободени, откако биле задржани цела недела. Против нив се покренати обвиненија за ковање заговор за убиство на Глигоров.

Кумбаро успеал да избега во 1996 година со фалсификувани документи во Велика Британија, тврдејќи дека е бегалец од Косово. Неговата локација е непозната веќе една година, откако не се појави на сослушувањето за екстрадиција во Лондон.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски