Поранешен романски министер за внатрешни работи уапсен поради корупција

Од:

Поранешниот романски министер за внатрешни работи Кристиан Давид е уапсен од Националната дирекција за борба против корупција под обвинение дека земал поткуп од 500.000 евра.

Давид, кој беше министер за внатрешни работи во периодот од април 2007 до декември 2008 година од редовите на Национално-либералната партија, е однесен во полиција со лисици на рацете и утре ќе биде изведен пред суд, каде ќе се одлучи дали ќе остане во 30-дневен притвор.

Поранешниот министер е обвинет дека земал поткуп од 500.000 евра во врска со доделување право на сопственост врз земјиште од 15 хектари во градот Бузеу.

Давид поднесе оставка од Национално-либералната партија во 2014 година, кога Националната дирекција за борба против корупција побара дозвола за кривична истрага против него, изјавувајќи дека не сака обвиненијата да му наштетат на имиџот на партијата.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски