Обвинителството за воени злосторства во Србија има нов сведок за илегалната трговија на Косово, пренесува Франс прес.
Обвинителот прецизираше дека тој сведок дал изјава за лекарската процедура на северот на Албанија и трговијата со човечки органи на Србите киднапирани во 1998. и 1999. година за време на судирот на Косово.
„Имаме сведок кој даде изјава за медицинската процедура обавена во Албанија, која се состоела од вадење органи на Србите кои биле киднапирани за време на судирот. Тој кажа дека на еден киднапиран Србин му го извадиле срцето на локација недалеку од градот Кукеш на северот на Албанија. Органот потоа бил транспортиран на аеродромот Ринас кај Тирана. Сведокот рече дека срцето потоа било продадено на црниот пазарот за органи“, изјави обвинителот за воени злосторства Владимир Вукчевиќ.
Сведокот е поранешен припадник на УЧК и учествувал во трговијата со органи, но сега бара да добие заштитен статус за да ги изнесе доказите преед судот.
Вукчевиќ кажа дека обвинителството една година ги испитувало тврдењата на овој сведок.
„Сметаме дека инфорамациите кои ги даде сведокот се проверени и додаде дека тој е под строги мерки на безбедност.
Обвинителството смета дека најмалку 300 воени ззтвореници, Срби, биле префрлени од Косово во Албанија на крајот на конфликтот.
Извештајот на спрецијалниот известувач на Советот на Европа Дик Марти кој е направен во 2010. година откри страшни детали за трговијата со органи во која учествуваа припадниците на ОВК, лојални на сегашниот премиер Хашим Тачи.
Марти ги наведе и имињата на поранешните герилци од Косово меѓу кои и Хашим Тачи, но албанските власти ги отфрлија тврдењата на Марти дека операциите се извршувале на северот на Албанија.
Српското обвинителство но и меѓународната организација за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч побараа од Албанија да покрене истрага за наводите за трговија со органи на киднапирните Срби но Албанија не беше расположена за соработка во таа истрага.