Поранешен портпарол на НАТО: Примете го Косово во НАТО, веднаш..

Од:

Поранешниот портпарол на НАТО за време на НАТО нападот врз Србија, Џејми Шеј, изјави дека „Косово“ треба да стане членка на Алијансата во првите девет месеци од 2024 година.

Тој смета дека тоа мора да се случи за секој иден американски лидер да не може да го промени курсот.

„Србија ќе продолжи да биде тежок сосед, но капацитетот за создавање сериозни проблеми ќе остане ограничен“, вели Шеј.

Како што пренесува „Албаниан пост“, Шеј вели дека со оглед на актуелните геополитички неизвесности, главно во спречувањето на продлабочувањето на кризата е Косово да се приклучи кон евроатлантските структури во првиот дел од следната година.

Шеј всушност најмногу се плаши од победата на Русија и затоа забележува дека успехот на Москва би направил преседан и ќе претставува опасност за Западот.

„Секое друго решение освен целосната независност на Косово повторно би го разгорело конфликтот и би било многу полошо од сегашната ситуација. Затоа, можеме да одиме само напред, а не назад“, вели Шеј.

Тој додава дека е подобро Приштина да ја интегрира српската заедница, отколку да дозволи таа да биде „инструментализирана и манипулирана“.

„Борбата против етничките сепаратисти треба да се води на локално ниво, како во Митровица, така и во Мариупол“, вели Шеј.

Прашање е дали Америка, доколку Доналд Трамп се врати на претседателската функција, ќе продолжи со политиката кон Косово како приоритет, имајќи ги предвид главните меѓународни предизвици.

„Трамп можеби не беше лично вклучен во косовското прашање, но тој не ги спречи неговите високи соработници да работат за Приштина и не го запре учеството на САД во КФОР. Мислам дека треба да бидеме отворени за потенцијалниот втор мандат на Трамп, да почекаме и да видиме што всушност ќе се случи“, вели Шеј.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија