Поранешен бугарски воен офицер уби двајца Роми, а двајца рани

Од:

Двајца Роми се убиени, а двајца се борат за живот, откако вооружен поранешен бугарски воен офицер, денеска упаднал во домот на своите соседи во густо населената, главно со Роми населба во Софија, соопшти министерството за внатрешни работи.

Во соопштението се вели дека 67-годишникот влегол во домот на ромското семејство, отворил оган и на лице место го убил 26-годишниот Ром, сериозно ранил 22-годишник и две жени, од 28 и 56 години, од кои една набрзо починала во болница, пренесе агенцијата АФП.

Сторителот на убиствата, кој не е Ром, се обидел потоа да се самоубие и е хоспитализиран со тешки повреди по живот, се додава во соопштението на министерството.

Во Бугарија живеат околу 700.000 Роми. Тие, според пишувањето на француската агенција, живеат во еден вид гета и се дискриминирани од останатото бугарско население. Многу често се насилните инциденти меѓу самите Роми, како и помеѓу ромите и жителите од бугарска националност.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме