Попладнево ќе биде познат составот на новата албанска Влада

Од:

Лидерот на албанските социјалисти и нов премиер на Албанија, Еди Рама, преку социјалната мрежа Твитер најави дека попладнево ќе го соопшти составот на неговата влада.

Како што јави дописникот на МИА, социјалстите на Рама заедно со нивниот главен партнер, Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ) на Илир Мета, беа дел од изборната коалиција „Алијанса за европска Албанија, која победи на парламентарните избори оджрани на 23 јуни.

Рама претходно најави дека за разлика од досега, во иднина пратеник не ќе може во исто време да биде и министер. По победата на изборите коалициските парнери првпат формираа и заедничка работна група, која ја подготви владината програма.

Врз основа на договорот засега се знае дека Рама ќе застане на чело на владата, додека Мета ќе биде претседател на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски