Понта: Последиците од скандалот со коњско месо за Романија потешки од минатогодишната суша

Од:

Последиците од скандалот со коњско месо за романското земјоделство може да бидат посериозни од оние од минатогодишната суша, ако Романија остане официјален осомничен, изјави денеска романскиот премиер Виктор Понта.

Тој предупреди дека опасноста за Романија е голема, а кризата се уште не е надмината.

– Ако Романија остане официјален осомничен во целиот тој огромен скандал, сметам дека тоа ќе биде полошо отколку сушата минатата година, во цела Европа би се зборувало дека во Романија се вршат злоупотреби, се фалсификува потеклото или видот на прехранбените производи, изјави романскиот премиер.

Романскиот премиер истакна дека се уште не можат да се пресметаат загубите за романските производители од скандалот со коњското месо.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“