Понта освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските ибори во Романија

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта е победник во првиот круг од претседателските избори, покажуваат првичните резултати од гласањето.

Негов противкандидат во вториот круг на 16 ноември ќе биде градоначалникот на Сибиу, Клаус Јоханис.

Лидерот на социјалдемократите Виктор Понта освоил 39,57 отсто од досега преброените гласови, додека неговиот ривал, кандидатот на либералите, Клаус Јоханис, кој е етнички Германец, има 30,19 проценти.

На трето место се наоѓа претседателот на Сенатот, Калин Попеску Таричану со 5,83 отсто, по него следува поранешниот министер за туризам Елена Удра со 5,17 проценти и поранешната министерка за правда и член на Европарламентот, Моника Маковеј со освоени 4,65 отсто од гласовите.

Според потврдените податоци, излезноста на гласачите во првиот круг од изборите била 52,56 отсто.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Романија: Преживеани од пожарот во диското „Колектив“ нудат помош за настраданите во Кочани

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Романија има нов кандидат за претседател

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски