Понта: Најдобро решение за премиер е Калин Попеску Таричану

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта денеска најави дека за свој наследник на премиерската функција ќе го предложи Калин Попеску Таричану.

– Го предложив и сметам дека најдобро решение за премиер е Калин Попеску Таричану, посочи Понта.

Тој додаде дека ако на 16 ноември биде избран за претседател на Романија, на премиерската функција ќе остане до 22 декември, кога истекува мандатот на актуелниот претседател Трајан Басеску.

Понта освои најголем број гласови (40,44 отсто) на претседателските избори, што се одржаа во неделата. Кандидатот на опозициската Христијан-либерална унија Клаус Јоханис освои 30,37 проценти од гласовите.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Романија

Силен земјотрес ја погоди Романија

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година