Понта најави формирање на Крајовска група

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта на денешната средба со Александар Вучиќ и Бојко Борисов најави формирање на Крајовска група, сочинета од Србија, Бугарија и Романија.

– Отворени сме и за други држави од Западен Балкан, бидејќи обединети можеме да постигнеме многу повеќе, наведе Понта.

Понта, Вучиќ и Борисов денеска во Крајова разговараа за инфраструктурни проекти, соработка во областа на енергетиката и сообраќајот.

– Заедно можеме многу да направиме. Нашите три земји заедно најдобро ќе можат да ги штитат нашите економски и политички интереси. Ова е стратешка територија во Југоисточна Европа и уверен сум дека формирањето на Крајовската група ќе биде од историско значење, посочи Вучиќ.

Тој им се заблагодари на романскиот и бугарскиот премиер на поддршката за Србија на нејзиниот европски пат.

– Сакам да видам автопат Букурешт – Софија – Белград што е можно побрзо. Сакам што побврзо да видам и пруга која води кон Турција. Овие проекти не се добри само за нашите три земји, туку и за цела Европа, потенцира Борисов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он