Понта: Министерот за финансии задржува клучна улога и покрај истрагата за корупција

Од:

Романскиот министер за финансии Дариус Волков ќе продолжи да игра клучна улога во владините економски планови и покрај тоа што е под корупциска истрага, изјави премиерот Виктор Понта. Тоа е прва реакција на Понта откако финансиска полиција почна синоќа истрага против Волков.

Тој е обвинет дека обезбедил победа на компанија во државен тендер во замена за поткуп од два милиона евра додека бил градоначалник на јужниот град Слатина.

– Најважниот проект на Владата во 2015 година е Даночниот кодекс во кој Дариус имаше и ќе продолжи да има клучна улога. Сакам да Ве уверам сите дека тој проект ќе продолжи по секоја цена и во секој политички контекст кој е поврзан со равојот на државата, наведе Понта на својот Фејсбук профил.

Од коментарите не е јасно дали Волков ќе остане на функцијата како министер за финансии, наведуваат локални медиуми. Понта и Волков најавија планови за намалување на сите даноци меѓу 2016 и 2019 година што според аналитичари ќе предизвика голема дупка во буџетот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он