Помпео: Русија „ровари“ во медитеранските земји, се обидуваше да го попречи Преспанскиот договор

Од:

Русија со години користи различни методи на ширење дезинформации, поткопување на националниот суверенитет и поттикнување хаос, конфликти и раскол во земјите низ целиот Медитеран, а пример за тоа е обидот да се подрива Преспанскиот договор во 2018 година, се вели во денешното соопштение на американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Соопштението е поттикнато од неодамнешна изјава на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, дека САД „играат политички игри на Медитеранот и одолговлекуваат со назначување на нов специјален претставник на генералниот секретар на ОН за Либија“.

Лавров изјавата ја даде неодамна на настап во рамките на Дијалогот МЕД, форум за соработка меѓу НАТО и седум медитерански земји – Тунис, Мароко, Мавританија, Јордан, Израел, Алжир и Египет.

-За жалење и неконструктивно е тоа што Лавров повторно e во заблуда и се обидува да ја преправи историјата, истакна Помпео.

САД со сојузниците и партнерите активно работат во Источен Медитеран, а за обезбедување повеќе стабилност, безбедност и прогрес. Во Либија, САД поддржуваат формирање инклузивна влада што може да осигура безбедност во земјата и да ги задоволи економските и хуманитарните потреби на либискиот народ. Нашата главна цел и понатаму останува завојуваните страни во Либија да дојдат до договор и инклузивно политичко решение модерирано од ОН, во рамките на Форумот за политички дијалог во Либија, додаде тој.

Помпео понатаму наведе дека САД и партнерите од Советот за безбедност на ОН работеле на зацврстување на системите на ОН и создавање на функцијата специјален претставник на ОН, и дополнителен координатор на Мисијата на ОН за подршка на Либија (УНСМИЛ), во рамките на продолжување на мандатот на УНСМИЛ во 2020 година.

-Но, Русија и Кина беа единствените членки на СБ на ОН кои гласаа воздржано за резолуција на СБ за продложување на мандатот на УНСМИЛ.

Помпео констатира дека Русија, користејќи различни методи на ширење дезинформација, поткопување на националниот суверенитет и поттикнување хаос, конфликти и раскол во земјите низ целиот регион, продолжува да ја загрозува стабилноста на Медитеранот.

-Во Сирија, Русија го поддржува режимот на Асад, чија војна против сопствениот народ ја продлабочи регионалната нестабилност, придонесе продолжителена хуманитарна криза и насилно преселување на половина од населението. Во 2018 година руски дипломати беа протерани од Грција, како одговор на обидите да се попречи потпишувањето на Преспанскиот договор, и поради вмешаност во работите на Грчката православна црква, истакна Помпео.

Додадава дека „богати Руси, многумина од нив поврзани со Кремљ, перат милијарди долари преку Република Купар и Малта, предизвикувајќи девијации во внатрешните пазари на тие земји и ширење на коруупција“.

-Во Либија Русија поддржуваше напади врз престолнината Триполи, што предизвика убиства на цивили и ги поткопа напорита на ОН за воспоставување мир во земјата. Русија продолжува да го нарушува ембаргото на ОН за набавка на оружје; ги блокираше санкциите на СБ кон Мохамед ал-Кани и милитантите „Канијат“, фатени со многубројни и добро документирани тешки прекршувања на човековите права; печатеше фалсификувани либиски динари, со тоа дестабилизирајќи ја либиската економија: и продолжува да разгорува конфликт со акциите на, од неа контролираната воена група „Вагнер“. Ослободувањето на двајца членови на таа група, фатени во подривање на политиката во Либија, е само уште еден пример како Русија користи свои платеници и води политички махинации, наместо достигањето на своите интереси да го прави на отворен и демократски начин.

Помпео наведува дека списокот на руските злонамерни активности е долг.

-Сите овие акции јасно демонстрираат дека имено Русија е земјата која игра политички игри и се обидува да го запре прогресот во регионалните конфликти, а тоа го прави за достигање на свои сопствени интереси а на штета на целиот регион.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје