Политичко-финансиските судири околу Јужен поток предизвикаа банкарска криза во Бугарија

Од:

Силниот судир на политичко-финансиските и бизнис интереси во Бугарија, поврзани со изградбата на гасоводот „Јужен Поток“ ја предизвикаа минатонеделната банкарска криза,која можеше да доведе до колапс на две,водечки домашни банки и да го дестабилизира банкарскиот систем,тврдат софиските медиуми.

Кризата настана откако штедачите почнаа забрзано да извлекуваат пари од Прва Инвестициона банка,по сомнежите во нејзината ликвидност кои се појавија во весниците,а потоа забрзано се раширија преку социјалните мрежи на интернет.

Мораше да интервенира бугарската Народна банка, преземајки ја контролата врз Прва Инвестициона,а веднаш потоа иста таква закана се појави и за Корпоративно комерцијална Банка (ККБ). Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев ја смируваше јавноста тврдејќи дека нема криза во банкарскиот систем,туку во неговата доверба,но случувањата во овие две банки ги означи како „криминален напад„ и вештачки создадени кризи. Нападите врз овие банки почаа непосредно по изјавата на бугарската влада дека е запрена изградбата на гасоводот „Јужен Поток“ што го гради руската енергетска компанија „Газпром“ а во кој силно се испреплетуваат руските и бугарските бизнис интереси.

Владата тврди дека сите градежни работи се запрени,но медиумите во Софија пишуваат дека продолжува да се работи на секторот кај Варна,на патиштата што ќе ја поврзуваат главната станица,кај овој бугарски пристанишен град.Според објаснувањето на медиумите,тоа се прави за да се помогне, во меѓувреме да се протурка во Парламентот, промена на сегашниот закон за енергија во земјата,со која би му се обезбедил монопол на „Газпром“ во испораката на гас преку овој гасовод. За донесувањето на оваа измена силно се залага Дељан Пеевски,заменик лидер на Движењето за права и слободи,кое е дел од сегашната владина коалиција,предводена од бугарските социјалисти.

Неговите компании ги имаат добиено руските тендери за изградбата на „Јужен Поток“,но на друга страна се интересите на Цветан Василев,кој е сопственик на Корпоративно Комерцијлна Банка.

Бугарските штедачи се уште се сеќаваат на кризата во 1997 година,кога пропаднаа 14 бугарски банки,а државата се спасуваше со создавањето на Валутниот Борд кој ја презеде контролата врз финансиите и го поврза бугарскиот лев со германската марка,а подоцна со еврото.

Ова контролно банкарско тело делува и сега,без разлика што две третини од банките во Бугарија се странски,а земјата има висока ликвидност,низок јавен долг и важи за една од финансиски најстабилните економии во ЕУ. Довербата во јавноста е одново разнишана поради силна корупција за која се обвинуваат бугарските олигарси,сите поврзани со политичките партии во земјата.

Олигарсите стравуваат за својот дел од големиот финансиски колач,откако по глобалната криза во есента 2008 година,сите најголеми инвестиции во Бугарија дојдоа од државните тендери,честопати со подршка од ЕУ.Тоа меѓу богатите олигарси предизвика силна битка и конкуренција. Проектот „Јужен Поток“ треба да биде паралелен гасовод на „Северниот Проток“ што е во работа од 2011 година.

Јужниот крак предвидено е да биде готов до крајот на 2016 година и преку него ќе се пренесува гас од Русија,под црноморското дно до Варна,а од таму кон Унгарија и Австрија.За него се силно заинтересирани и Србија и Италија,а еден крак од него би се однесувал и за Македонија и евентуално за БиХ.

Предвидено е преку „Јужен Поток“ да минуваат по 63 милијарди кубни метри гас,но веќе сега во Софија постојат резерви околу тиа дали тој е воопто потребен.Оваа земја е мал потрошувач на гас (2,9 милијарди годишно и тоа 97 отсти за индустриски потреби),а изградениот северен крак засега се користи само 40 отсто. Бугарски експерти забележуваат дека на кус рок,гасоводот е добро решение, затоа што енергетски ја обезбедува Бугарија,но на подолг рок претставува „закана за безбедноста“ на земјата,поради целосната енергетска зависност од Русија.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?