Одделот за борба против тероризмот на истанбулската полиција изутринава во различни квартови на Истанбул почна операција насочена против илегалната екстремно левичарска организација Револуционерка партија и фронт за народно ослободување, објаци весникот „Сабах“.
Полициските сили за брза интервенција извршииле претреси во куќи на различни адреси во неколку истанбулски квартови.
Во операцијата учествувал и хеликоптер, кој обезбедувал воздушна поддршка.
Во операцијата досега се приведени над десет лица.