Албанската полиција во објект во близина на меѓународниот аердором во Тирана отркила лабораторија и печатница за фалсификување албански леки.
Во акцијата реализирана синоќа, по поќемесечна истрага, се уапсени Ермал Курти, Ервис Зири, Емануел Зири, Клодиан Зири и и Фатјон Зири, на возраст од 17 до 26 годинини. Полицџијата трага по уште едно лице.
Полицијата ги запленила машините како и поголема количина фалсификувани албански леки.
Како што пренесува тиранската телевизија Топ-чанел, досегашната истрага потврдила дека овие лица пуштиле во промет милиони фалсификувани леки. По откривањето на групата фалсификатори на пари се препорачува внимателост при употребата на банктноти од по илјада леки, не само во Тирана и албанските граѓани туку и оние од соседните земји, посебно од Македонија, кои често престојуваат во Тирана.