Полицијата во Драч заплени 458 килограми марихуана

Од:

Полицијата во албанскиот пристанишен град Драч вчера доцна попладне заплени 458 килограми марихуана и уапси едно лице, јави дописникот на МИА од Тирана.

Дрогата била скриена во камион ладилник упаравуван од Љуљзим Ватај, кој веднаш бил уаспен.

Истата е откриена при конрола на камионот пред тој да влезе во траектот кој сообраќал на релација Драч-Бари.

– Дрогата од типот камабис сатива беше откриена во дел од таванот на камионот, пакувана во 266 цилиндрични пакувања, се наведува во соопшението на полицијата.

Пред три дена полицијата во приморскиот град Валона заплени 900 килограми марихуана исто така наменета за италијанскиот нарко пазар, а во последните неколку дена во одделни акции зпаленети се приближно толкумарихуана како и десеттина килограми хероин, кои требало да завршат на грчкиот нарко пазар.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда