Полицијата во Брчко пронајде 31 дете во куќа, тројца уапсени за трговија со луѓе

Од:

Необичен случај е забележан во Брчко кога полицијата заедно со надлежните служби пронашла 31 дете во куќа, дознава Klix.ba. Кај децата биле пронајдени хрватски пасоши, а три лица се уапсени под сомнение дека извршиле повеќе кривични дела меѓу кои и трговија со луѓе.

Како што соопштија од окружната полиција Брчко, преземајќи активности од нивна надлежност, полициски службеници вчера, под надзор на Окружното обвинителство Брчко на БиХ и во соработка со Пододделот за социјална заштита и Црвениот крст, пронашле поголем број деца и ги однеле на безбедно место.

„Како дел од досегашните активности, уапсени се три лица осомничени за сторени кривични дела трговија со луѓе, трговија со деца и запуштање или злоупотреба на дете. Истрагата за инцидентот е во тек“, велат од полицијата на Брчко.

Како што неофицијално е потврдено за Klix.ba, властите пронашле дури 31 дете во куќа во областа Брчко, од кои некои се помлади од една година.

Изворот за портал посочува дека кај децата биле пронајдени пасоши од Република Хрватска, а ги чувала одредена жена, најверојатно италијанска државјанка. Покрај неа, заедно со неговиот син, е уапсен и државјанин на БиХ.

Каков бил планот на криминалната група во контекст на децата сега е предмет на истрага.

Би можело да ве интересира

Судот на БиХ денеска ќе ја изрече пресудата против Милорад Додик

Повик за голем митинг во Република Српска, пресудата за Додик пат кон распад на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ

Република Српска во вонредна состојба во очекување на пресудата за Додик

Уапсен министерот за безбедност на Босна и Херцеговина

ВИДЕО: Драматично во Босна, градови и села со денови се отсечени поради снегот

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски