Полицијата го блокира влезот во истанбулскиот парк Гези

Од:

Турските власти денеска распоредија илјадници полицајци за да го блокираат влезот во истанбулскиот парк Гези, за да го спречат влезот на неколкуте стотина демонстранти, кои се обидоа да ја одбележат двогодишнината од почетокот на антивладините протести.

Демонстрантите со транспаренти денеска маршираа низ главниот плоштад на Истанбул, каде се наоѓа паркот Гези, но беа спречени од полицијата да влезат во паркот. Протестот заврши по одржаните говори и оставањето каранфили на улицата која води до плоштадот.

Повеќе стотина Турци излегоа на улиците кон крајот на мај и почетокот на јуни 2013 година во знак на протест против автократската власт. Протестите почнаа поради владиниот план за сечење на дрвјата во паркот Гези и изградба на трговски центар. Протестите се проширија низ цела земја, а илјадници луѓе беа повредени во протестите, а 12 загинаа.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ