Вуковарската полиција соопшти дека три млади момчиња ги напишале непримерните графити, на повеќето станбени згради.
Ноќта помеѓу 6-ти и 7-ми февруари двајца 23-годишници и еден 26-годишник, жители на Вуковар, по фасадите на зградите со кирилично писмо напишале „Шешељ“, „Српски синови“, „Кирилица“ и слично.
Против нив е поднесена кривична пријава, до надлежното државно обвинителство.
Минатата недела претставниците на србите во градот ја осудија „војната со графити“, бидејќи според нив се работи за провокација, која почна од 2-ри февруари откако се одржа протестот против воведување на кирилица во Вуковар.