Полицаeц по грешка испратил пратка канабис во aлбанската aмбасада во Шведска

Од:

Полицаец од Стокхолм по грешка испратил пратка со канабис во Амбасадата на Албанија во шведската престолнина, јавија медиумите во Тирана.

Полицаецот, по направената грешка, изјавил дека пратката всушност била наменета за лабораторијата за криминалистика.

По спроведената истрага, властите соопштиле дека полицаецот имал седумгодишно работно искуство и бил одговорен за испраќање пратки со канабис.

Во пратката имало две пластични торби, на кои било напишано „канабис“ и три помали со натписот „прав“.

– Имајќи го предвид фактот дека шведските власти веќе побараа извинување за направената грешка, сметаме дека со тоа случајот е затворен и немаме повеќе коментари за ова прашање, изјави претставник на Албанската амбасада во Стокхолм.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија