Поголемиот број српски граѓани го поддржуваат членството на Србија во ЕУ

Од:

Мнозинството српски граѓани го поддржуваат членството на Србија во Европска унија и очекуваат земјата да стане дел од ЕУ за 10 години или порано, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Медиа Галуп“.

Според анкетата 59 проценти од Србите се изјасниле за членство во ЕУ, 34 отсто против, а шест проценти немаат мислење.

Во споредна со септември 2014 година поддршката за членство во ЕУ била 35 отсто.

Како мотив за поддршката за членство на Србија во ЕУ најголем број испитаници ја посочиле (46 проценти) подобрата иднина, повисок стандард (38 отсто) и поголеми шанси за работа (34 проценти).

На прашањето ако денеска има референдум за членство на Србија во ЕУ, 73 проценти од испитаниците изјавиле дека би излегле на гласање, а 55 отсто дека би гласале за, а 26 против.

Анкетата покажува дека 57 проценти од граѓаните очекуваат Србија да стане членка на ЕУ за околу 10 години или порано.

Во анкетата, изработена на барање на Делегацијата на ЕУ во Белград, учествувале 1.265 полнолетни граѓани.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда