Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад

Од:

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинение против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на Инфраструктура на железницата на Србија, Јелена Танасковиќ, за уривање на бетонската настрешница на влезот на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 луѓе.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека поднело обвинение против тие лица во врска со трагичниот настан од 1 ноември годинава.

Наведено е дека меѓу обвинетите е и Ј.Т. (Јелена Танасковиќ) поранешен в.д. генерален директор на „Инфраструктура на железница на Србија“, Г.В. (Горан Весиќ) поранешен министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, А.Д. (Анита Димовски) поранешен помошник министер во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура и Н.Ш. (Небојша Шурлан) поранешен генерален директор на „Инфраструктура на железница на Србија“.

Тие се товарат за сторено кривично дело „Тешко дело против јавната безбедност од член 288 ст. 2“ од Кривичниот законик.

Обвинението е поднесено по завршување на истражната фаза од кривичната постапка со издавање на Наредба за завршување на истрагата.

Обвинението е поднесено до Вишиот суд во Нови Сад, придружено со целата документација собрана во текот на предистражната и истражната постапка, како и сите други докази кои го поткрепуваат постоењето на основано сомнение за поднесување обвинение.

Обвинителството побара продолжување на притворот за оние кои веќе се во притвор, како и враќање во притвор на оние кои моментално се на слобода, вклучително и поранешниот министер Весиќ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ по денешниот инцидент: Не сум повреден, надлежните ќе откријат што се случи со автомобилот

(ВИДЕО) Се откачи тркало од автомобилот со кој патуваше Вучиќ

Горан Наумовски

Несреќа во каменолом крај Росоман: Се преврте камион, тешко повреден е возачот

(ВИДЕО) Ученици го блокираа сообраќајот во Нови Сад, маж излезе од автомобил и ги нападна

Горан Наумовски

Злосторство во Нови Сад – син ја уби мајка си со нож

А1он

Оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад

Горан Наумовски