Маж загина денеска во Подгорица, откако активираше експлозивна направа во канцеларијата на јавен извршител, јави Танјуг.
Никој од вработените во канцеларијата не е повреден, а истрагата е во тек.
Полицијата безуспешно се обидувала да го спречи активирањето на бомбата.