Почина српскиот генерал и хашки осуденик Небојша Павковиќ

Од:

Генералот Небојша Павковиќ, поранешен командант на Југословенската армија и хашки осуденик, почина на 79-годишна возраст во Белград.

Според Блиц, Павковиќ починал на Воено-медицинската академија, каде што бил на лекување.

Во 1999 година, за време на бомбардирањето на НАТО на тогашната Сојузна Република Југославија, Павковиќ беше командант на Третата армија на армијата на СРЈ во Косово. Хашкиот трибунал (МКТЈ) го осуди на 22 години затвор во 2009 година за злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војување.

Поранешниот вицепремиер на СРЈ Никола Шаиновиќ и генералите Сретен Лукиќ и Владимир Лазаревиќ исто така беа осудени во истиот процес, чии казни подоцна беа намалени – за разлика од Павковиќ.

Обвинението против него беше објавено во октомври 2003 година, а две години подоцна тој се предаде на Хашкиот трибунал. Неговата пресуда беше потврдена во јануари 2014 година.

Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Хаг (МРМС) претходно донесе одлука за предвремено ослободување на Павковиќ поради неговата сериозна здравствена состојба.

Тој пристигна во Србија на 28 септември со авион на српската влада, откако беше предвремено ослободен од затворот во Финска.

По пристигнувањето во Белград, Павковиќ бил префрлен во Воено медицинската академија на лекување, каде што почина денеска.

Би можело да ве интересира

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он

(ВИДЕО) Србија е под снег: продолжува вонредната состојба, илјадници семејства се без струја

Катерина Ѓуровски

Нешто повеќе од 22.000 потрошувачи во Србија моментално се без електрична енергија

Тинејџер убиен во кафеана во Србија

А1он

Снежно невреме ја зафати Србија, патишта блокирани од снежни наноси и несреќи, градови покриени со снег

Гашиќ: Србија го враќа служењето во армијата, задолжително за мажи, доброволно за жени