Почина сликарот и графичар Мерсад Бербер

Од:

Еден од најпознатите светски графичари и добитник на повеќе од 50 награди и признанија Мерсад Бербер (72) почина синоќа во Загреб, пренесува “Večernji list”.

Како што се наведува, познатиот сликар и графичар, ненадејно починал во ноќта меѓу неделата и понеделникот во својот дом, што во краток разговор потврдила куќната помошничка на фамилијата Бербер.

Бербер е роден во 1940 година во Босански Петровац. Дипломирал на Академијата во Љубљана во 1963. и специјален курс кај Рик Дебењак во 1965 година.

Од 1978 до 1982 година. предава на катедрата за цртеж и графика на Академијата за ликовни уметности во Сараево.

 

Неговото дело “Byzantium III” ја краси колекцијата на галеријата Тејт, и има освоено повеќе од 50 награди и признанија за својата работа. Од 2007 година.е член на Руската академија на науките.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат