Легендарната југословенска пејачка на народна музика Мерима Његомир почина утрово на 69-годишна возраст.
Веста ја потврди нејзината ќерка.
-Точно е, изјавила кратко таа.
Мерима Његомир неодамна откри дека води тешка битка со ракот.
Тогаш изјави дека не се чувствува добро, но дека не се откажува од борбата.
Пејачката зад себе остави 25 албуми и без временски хитови кои ги памети цела Југославија.
Имаше четири деца, три ќерки и еден син.