Почина демонстрантот кој се запали пред општината во Варна

Од:

Официјални претставници на Воената болница во бугарскиот град Варна соопштија дека и покрај големата борба на лекарите, утринава почина триесет и шестогодишниот Пламен Горанов, кој во знак на протест против лошите услови на живот на луѓето во оваа земја, на 20 февруари се полеа со бензин и се запали пред зградата на општина Варна, јави дописникот на агенцијата Анадолија.

Во соопштение се наведува дека 80 отсто од телото на Горанов било под тешки изгореници, кои биле и причината за неговата смрт.

Иако бугарската влада минатиот месец поднесе оставка, протестите ширум земјата не се намалуваат.

Вчера, на Денот на независноста на Бугарија, во градот Варна, пред зградата на општината, повторно се собраа околу 70.000 Бугари кои протестираа против тешката економска ситуација во земјата и бараа оставка од началникот на општина Варна, Кирил Јорданов.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме